дома Македонија (Видео) Cooбpaќаен xaoc во Скопје, не може да помине ниту брза пomoш

(Видео) Cooбpaќаен xaoc во Скопје, не може да помине ниту брза пomoш

Изминатите неколку недели граѓаните се жалат на сообраќајниот хаос во главниот град, како резултат на ревитализацијата на неколку клучни за проток на возила улици и булевари. Градоначалникот на Скопје ги повика граѓаните на трпение, но реалноста е дека граѓаните се соочуваат со големи проблеми. Нивните коментари се во насока дека неколку месеци на цела територија на Македонија се спроведуваше полициски час и имаше доволно време да се ревитализираат сите улици, а не сега да се работи на две три улици пред избори при што се блокира целиот град.

Граѓанинот кој ни го испрати вели, срамота, брза помош не може да помине, цело Скопје е блокирано, треба ли да умираат луѓе затоа што е закрчен сообраќајот низ цело Скопје.

Видеото е снимено кај Момин Поток.

Извори од лице место велат дека блокиран е влезот во Скопје кај автокоманда, огромна гужва има во Аеродром, Карпош, Центар и Кисела Вода.