дома Свет (Видео) Eдна oд нajcилнитe бypи вo иcтopиjaтa нa CAД – уpaгaнoт Идa...

(Видео) Eдна oд нajcилнитe бypи вo иcтopиjaтa нa CAД – уpaгaнoт Идa ocтaви пycтoш, пoвeќe од милион дoмoви ocтaнaa бeз cтpyja

Повеќе од еден милион домови во американската сојузна држава Луизијана останаа без струја, додека во предградие во близина на Батон Руж едно лице загина во налетот на ураганот Ида. Ураганот предизвика значителни штети и поплави во целата држава, предизвикувајќи стравување дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.

Видео може да погледнете ТУКА.

Ураганот Ида го остави без струја целиот град Њу Орлеанс, неколку часа откако ја погоди американската држава Луизијана. Енергетската компанија Ентерџи потврди дека Њу Орлеанс е без електрична енергија и дека единствената електрична енергија во градот доаѓа од генератори.

Видео може да погледнете ТУКА.

Националниот центар за урагани соопшти дека Ида ослабела до бура од категорија 3, откако беше ураган од категорија 4 кога стигна до копно.

Ида носеше покриви на згради и предизвика поплави во крајбрежните области на Луизијана. Тоа е една од најсилните бури во историјата на САД.

Видео може да погледнете ТУКА.

Удри точно 16 години по ураганот Катрина, кој предизвика пустош во Луизијана и Мисисипи.

Видео може да погледнете ТУКА.