дома Свет (Видео) Eкcтpeмен cтyд во Русија од -47 степени

(Видео) Eкcтpeмен cтyд во Русија од -47 степени

Во рускиот регион Јакутија, кој се смета за најстудено место за живеење на планетата, температурите повторно достигнаа исклучително голем минус: 47 степени Целзиусови под нулата.

Јакутија е најголемиот субјект на Руската Федерација по територија. Се наоѓа во североисточниот дел на евроазискиот континент.

Повеќе од 40 проценти од територијата на републиката се наоѓа зад Арктичкиот круг. Вкупната површина на арктичката територија на републиката е скоро 1,6 милиони квадратни километри, што е околу 52 проценти од територијата.