(Видео) Hajмaлкy 19 лицa ce пoвpeдeни oткaкo сpпски aвтoбуc ce пpeвpтe нa aвтoпaт вo Германија – овa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 19 лица се повредени при превртување на патнички автобус на германскиот автопат А13 меѓу Стааков и Фрајвалде во правец на Берлин.

Според неофицијални информации, возачот сакал да сврти на паркингот, но удрил во заштитната ограда и излетал од патот, по што автобусот се превртел. Причината за несреќата се уште не е позната.

Германските медиуми пишуваат дека автобусот е од Србија. Според Билд, повеќе од 70 спасувачки возила и шест хеликоптери се вклучени во спасувањето на повредените.

“Шест спасувачки хеликоптери, 30 спасувачки возила и 12 амбуланти дежураат. Покрај тоа, пристигна и противпожарна единица со 22 возила. Автопатот е затворен во двата правци”, пишува Билд.

Според полицијата, двајцата возачи се здобиле со сериозни повреди, како и еден патник. Сеуште не е познато колку патници имало во автобусот, но се знае дека тие се од Германија, Србија, Шведска и Израел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This