дома Свет (Видео) Heвидена тpaгедија: 9 деца загинaa во вepижен cyдир во САД

(Видео) Heвидена тpaгедија: 9 деца загинaa во вepижен cyдир во САД

Девет деца и татко на едно настрадано дете загинале во тешката сообраќајна несреќа што се случила викендов на автопат во Алабама.

Според Си-Ен-Ен, меѓу починатите имало 29-годишен татко и неговата деветмесечна ќерка.

Другите жртви биле деца на возраст од 3 до 17 години (3, 8, 12, 14, 15, две 16 и на 17 години) кои биле во возилото на институција за занемарени и малтретирани деца и патувале кон ранч, јави локалната полиција.

Несреќата се случила на околу 150 километри од Камп Хил, местото каде што се наоѓал ранчот.

Зад воланот на возилото во кое биле загинатите деца била директорката на институцијата, која управувала со ранчот. Според Си-Ен-Ен, успеале да ја извадат од возилото.

“Вчера беше крајно шокантен ден за Алабама. Во трагичниот настан се загубија 10 животи”, рече државниот секретар одговорен за комуникација со медиумите.

Националниот комитет за безбедност во сообраќајот испратил десет истражители на местото на настанот да работат со локалната полиција за да утврдат што се случило.

Несреќата се случила во саботата наутро по локално време, додека Алабама била опустошена од тропската бура Клодета, проследена со силен дожд.

Во несреќата учествувале најмалку 17 возила.