April 18, 2024, 10:55 am

(Видео) Heвepоjaтнo: Кинезите ја пoкaжaa внaтpeшнocтa нa cвojaтa нoвa вceлeнcкa cтaницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеските астронаути стигнаа вчера на својата нова вселенска станица во орбитата на Земјата и со тоа потврдија дека Кина станува нова вселенска сила.

Леталото Шенжу 12 беше лансирано во четвртокот кон модулот на вселенската станица Тианхе од лансирниот центар Јуикван во северозападната провинција Гансу, а стигна до вселенската станица околу седум часа подоцна.

На видеопреносот на Кинеската национална вселенска агенција (КНСА) можеше да се види како астронаутите влегуваат во јадрото на модулот, а еден од нив притоа се сврте за 360 степени. Астронаутите во модулот ќе ги минат следните три месеци.

Наскоро би требало да ги подготват своите простории за живеење и да го отворат влезот на товарното летало Тианжу 2, кое претходно се спои со модулот.

Командант на мисијата е ние Хаишенг, воздухопловен пилот на Народноослободителната војска кој веќе учествувал во две вселенски мисии. Останатите два астронаути исто така доаѓаат од војската.

Централниот модул на кинеската вселенска станица има одвоени простории за живот за секој астронаут, лента за трчање и велосипед за вежбање, како и комуникациски центар.

Астронаутите пред лансирањето минале над 6.000 часа обука, пишува Сајенс алерт.

Изградбата на станицата почна во април со лансирањето на Тианхе, првиот од најголем од трите модули, а се предвидува станицата да биде завршена до следната година.

Астронаутите Ние Хаишенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо за време на својот престој во вселената планираат да ги истражат важните функции на главниот модул и да спроведуваат научни експерименти.

Во октомври кон станицата би требало да заминат уште тројца астронаути.

За да се заврши вселенската станица, ќе се лансираат уште два лабораториски модули, секој тежок околу 20 тони. За 2022 година се планирани уште два товарни лета и две мисии со екипаж.

Меѓународната вселенска станица (ИСС) би требало да престане со работа по 2024 година, иако НАСА кажа дека потенцијално би можела да остане во функција и по 2028 година.

Ако ИСС престане со работа во следните неколку години, Кина ќе биде единствената земја која ќе има постојана станица во вселената.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This