дома Актуелно (Видео) Heделковски за патешествието во Центpaлна Африка: Таму бopбата е помеѓу Франција...

(Видео) Heделковски за патешествието во Центpaлна Африка: Таму бopбата е помеѓу Франција и Русија, владее голема сиpoмаштија

Во своето гостување на Инфомакс во емисијата „Прашањето ми е следно“, новинарот Миленко Неделковски говореше за својот престој во Централноафриканската Република. Тој истакна дека се работи за исклучително сиромашна држава во која мнозинството на население не знае ниту да пишува, ниту да чита, а во моментов големите сили се борат за превласт.

-Таму има ситуација каде што се среќни што можат да гласаат. Изборите беа исклучително мирни, посветено, луѓето сакаа да дојдат да гласат, иако не знаат ниту да читаат и пишуваат. Листите со гласачите и листите на кандидати сите се со сликички. 100-тици илјади слики има за да видиш дека си на гласачки список. Нема фантоми, не гласаат мртви. Таму е битката помеѓу Франција и Русија. Французите прават грешка пред 5-6 години кога ја напуштаат територијата и Русите кои се малку присутни во Африка влагаат на територија, таму се многу присутни Кинезите. Русите влагаат со специјални сили Спецназ, приватна агенција за обезбедување и таму се. Ја обучуваат војската и сите безбедносни структури, немаат оружје нема со што да купат, нема извоз, увоз, буџет, има само една хидроцентрала.