дома Македонија (Видео) Heнopмална работа: Укpaдeн мpтoвeц од бoлницaтa во Струмица

(Видео) Heнopмална работа: Укpaдeн мpтoвeц од бoлницaтa во Струмица

Утрово се случила вистинска драма во струмичката општа болница. Група струмичани украле мртовец од инфективна амбуланта, објави ТВ канал ВИС.

Како што пишува порталот на ТВ канал ВИС, утрово околу 9:00 часот, ќерката и сопругата на починатиот го донеле 49-годишниот маж со отежнато дишење. Човекот за кусо време починал. Само неколку минути подоцна, дваесеттина луѓе го изнеле мртовецот со болничкиот кревет и го однеле со сопствено комбе.