дома Свет (Видео) Heнopмaлнa paбoта..: Чoвeк cкoкнaл oд aвиoн вo движење на aepoдромот во...

(Видео) Heнopмaлнa paбoта..: Чoвeк cкoкнaл oд aвиoн вo движење на aepoдромот во Лос Анџелес

Маж е примен во болница синоќа откако скокнал од авион во движење на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, објави Асошиејтед Прес.

Авионот полетал од портата нешто по 19 часот, кога мажот направил неуспешен обид да се пробие во пилотската кабина, по што успеал да ја отвори службената врата и да се спушти во делот за  итни случаи на пистата, соопштија од аеродромската администрација и авиокомпанијата со чиј авион се случил инцидентот.

Мажот бил приведен на самото место и пренесен во болница. Нема опасност по неговиот живот. Авионот, кој требаше да полета за Солт Лејк Сити, се врати кон портата.