дома Актуелно (Видео) He пocтoeле Cpби – билe измиcлeнa нaциja: Ceлмани твpди билe coздaдeни...

(Видео) He пocтoeле Cpби – билe измиcлeнa нaциja: Ceлмани твpди билe coздaдeни oд Pycите зa дa гo контpoлиpaaт Балkaнoт

Се лини продолжува низата скандалозни интервјуа на македонски гости за бугарскиот медиум БГНЕС. Последно е интервјуто на Насер Селмани, новинар кој како што претходно пренесе Инфомакс, тврди дека од Македонија за време на Југославија биле протерани 300 илјади Албанци.

Но неговиот скандалозни тврдења не завршуваат тука, тој среде Софија се одважи да коментира и за празнувањето на Св. Сава во Македонијана српската заедница што според него е проблематично бидејќи се работи за верски, а не национален празник. Тој понатаму продолжува да коментира и да потенцира дека Србите се некаква измислена нација, создадена од Русија за да го контролираат Балканот.

-На вас можеби ќе ви изгледа наивно, но зад таа политика стои една сериозна држава, голема држава каква што е Русија. Уште од 18 век во 1774 со договор помеѓу Османлиите и Царска Русија, Османската Империја им го признава правото на Русите да се појават како заштитници на православието. И практично од тогаш руското влијание оди преку црвката, практично тие попови не биле проповедници на христајнската и божјата мисла, туку агенти на една политика. И не случајно српската политика се врзува за православието, затоа што Србите имаат асимилирано доста други народи и врз основа на тоа имаат изградено држава. Затоа што сите други народи ја градат својата национална држава врз настани од нивната национална историја, зошто верскиот конфликт се крева како национална агенда. Преку национална агенда Србите не можат да предендираат на Косово, не можат да претендираат на Македонија, не можат да претендираат на Санџак таму не живеат Србија.

Душановото царство според него било царство на Бугари, Албанци и Срби, но не и на Македонци…