дома Социјални Мрежи (Видео) He цицaл кaкo мaл: За вpeмe нa oнлajн чac нacтaвник вo...

(Видео) He цицaл кaкo мaл: За вpeмe нa oнлajн чac нacтaвник вo кaтoличкo yчилиштe фaтeн вo нeпpиjaтнa cитyaциja

„Се чини дека неговата сопруга не ужива премногу. Сиромав човек, сега целиот свет знае дека неговата жена е едвај заинтересирана”.

Наставник во католичко училиште во Колумбија, Рубен Дарио Парас, бил снимен во непријатна ситуација за време на повик преку зум со неговите ученици.

Имено, по онлајн часовите, Рубен заборавил да ја исклучи камерата и се препуштил на размена на нежности со неговата сопруга. Во еден момент и ја соблекол кошулата и започна да и ги бакнува градите.
16-годишните ученици со неверување гледале што се случува, а некои дури и го снимијле својот учител во компромитирачка ситуација а снимките наскоро станаа вирални.

Наставникот подоцна им се извинил на учениците.

„Некои сцени беа снимени кога сопругата дојде да ме поздрави и стана вирална на Интернет. Секако дека тоа беше моја вина, не знаев дека камерата е сè уште вклучена. Не го сторив тоа намерно, беше сосема случајно. Сакам да се извинам ако некого навредив“, рекол наставникот, а директорката Патриша Дуран Цеспедес започнала истрага за случајот.

„Ова е сериозна работа, наставникот се однесуваше несоодветно за време на часот и ситуацијата ја снимаа некои ученици. Подоцна видеото стана вирално на социјалните мрежи”, рекла таа.
Видеото предизвика и лавина коментари на Интернет.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Извор: ekran.mk