(Видео) Kaдe иcчeзнa гpипoт, кapaктepиcтичeн зa oвoj пepиoд oд гoдинaтa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последната статистика објавена од Институтот за јавно здравје вели дека заклучно со претходната недела се регистрирани 433 заболени од инфлуенца – дури 73,2 отсто помалку од истиот период лани. Минатата недела, од 11 до 17 јануари, во здравствениот извештај влегле 36 лица. Најголем дел од вкупниот број заболени, 190, се лица на возраст помеѓу 15 и 64 години, пренесува Канал 5.

Матичните доктори велат дека сезонава детската популација е невообичаено малку зафатена од грипот. Доктор Чолакова Дервишова објаснува дека ова се должи на неработењето на игротеките и ограничувањата на групирања кои се само во рамки на потесното семејство.

Сепак, за Дервишова најмногу влијание има сличната симптоматологија на Sars-Cov-2 вирусот и инфлуенцата и тоа докторите ќе ја регистрираат. Вели, самата корона спаѓа во вируси кои предизвикуваат грипозни состојби.

„Сите беа насочени кон шифрирање корона, тонзилофорингит, бронхит, така да и заради тоа шифрата Ј11 беше многу слабо користена и се се води во тоа шифрирање. Дел од овие лица кои што беа со многу лесни симптоми прашање е дали не беа навистина и со лесна грипозна состојба бидејќи, повторно ќе наведам, по сите литератури кои што ги имаме читано, PCR-от не е специфичен. Се зависи колку амплификации или колку умножувања ќе направите на тој тест.“вели Лилија Чолакова Дервишова.

Освен превентивната тројка маска – дезинфекција – дистанца која е столбот на сигурно здравје изминатава неполна година, докторите препорачуваат да не се изостануваат ниту витамините и топлите напитоци за засилување на имунитетот.

„Витаминот Ц е задолжителен за поткренување на имунитетот и колагенот да има поголема отпорност – 1 грам за возрасни, половина грам за деца. Цинкот исто така влијае на имунитетот и колекал циферолот е исто така за добра епителизација ако веќе во ткивото има некое заболување. Тоа е отприлика, топли напитоци, чаеви, супи, да се облекуваме соодветно.“вели Лилија Чолакова Дервишова.

На 10 ноември лани стартуваше вакцинацијата за сезонски грип во јавните здравствени установи ширум земјава. Досега вкупно се вакцинирале 48.406 лица – од кои 37.870 се од ризичните групи: пензионери, хронично болни, бремени жени, здравствен кадар и деца од 6 месеци до 4 годишна возраст.

Изовр: Канал 5

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This