(Видео) Kapaнтинoт ykинaт, Hoв Зеланд и Австpaлија ги oтвopиja гpaницитe – coлзи и eмoции нa aepoдpoмитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици патници од Австралија денеска почнаа да пристигнуваат во Нов Зеланд откако властите ги отворија границите.

Претходно владата одлучи дека не е потребен анти-ковид карантин за нивните граѓани, јавува Ројтерс.

Иако најголем дел од австралијанските држави дозволија влез за граѓаните на Нов Зеланд без карантин, Нов Зеланд не одговори со истата мерка, туку остана во изолација.

Телевизиски снимки, поотворањето на границите, прикажуваат емотивни средби на семејства по една година физичка разделеност поради пандемијата.

-Ова е прв пат по повеќе од 400 дена луѓето да можат да патуваат без карантин и ние ќе додадеме дополнителни 16 летови дневно од Нов Зелан, изјавил извршниот директор на авиокомпанијата „Кантас“, Алан Џојс.

Тој додава дека компанијата ќе го зголеми бројот на летови меѓу двете земји на 200 неделно, додека компанијата „Ер Нов Зеланд“ соопшти дека за четири пати го зголемила бројот на летови денеска, а исполнетоста на капацитетите на авионите била 97 проценти.

Патниците од останатите земји кои пристигнуваат во Нов Зеланд и Австралија мора да поминат двонеделен карантин во хотел на свој трошок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This