дома Свет (Видео) Macakap вo Индијанополис: Boopyжeн нaпaѓaч ycmpти нajмaлкy 5 лицa пa ce...

(Видео) Macakap вo Индијанополис: Boopyжeн нaпaѓaч ycmpти нajмaлкy 5 лицa пa ce caмoy6и, paнeти ce нeкoлкy лицa..

Најмалку пет лица загинаа, а многу други се повредени во престрелката што се случи во објектот „Федекс“ во близина на аеродромот во Индијанаполис, Индијана. Сепак, овие бројки сè уште не се потврдени и точниот број на жртви засега е непознат.

Очевидецот Џеремаја Милер, кој рече дека работи во објектот на Федекс, за WISH-TV изјави дека видел човек со пиштол, а потоа слушнал дека биле испукани неколку куршуми. Тој додаде дека човекот „пукал по случаен избор“.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Напаѓачот бил во бегство, но како што потврди полицијата, тој наскоро си го одзел животот. Пукањето се случило во 23 часот по локално време.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Како што се наведува, имало пукање во зградата, но и надвор од неа. Дел од блискиот автопат I-70 е затворен.