дома Македонија (Видео) MBP ги пpoвepyва наводите: „Peкeтapите“ на Клинички одговорност на „ЈП Градски...

(Видео) MBP ги пpoвepyва наводите: „Peкeтapите“ на Клинички одговорност на „ЈП Градски Паркинг“

Сиромаштијата ги доведува граѓаните во незадивна ситуација и стимулира криминално однесување на граѓаните.

На социјалните мрежи вирално се шири видео од Клиничкиот центар во Скопје, поточно од паркингот кој според пишувањата е окупиран од група на Роми кои доколку не им дадеш пари не ги тргаат колите и не ти дозволуваат да паркираш.

Коментарите велат замислете некој болен да врти 50 минути и да не може да паркира.

За настанот побаравме и коментар од МВР од каде велат дека паркингот е во надлежност на „ЈП Градски Паркинг“, но дека ги проверуваат наводите од текстот објавен на Инфомакс.

-Во врска со Вашето барање, напоменуваме дека со паркинг просторот во Клинички центар стопанисува ЈП „Градски Паркинг” и паркиралиштата во овој круг се во нивна надлежност. До денеска, од нивна страна до Секторот за внатрешни работи Скопје нема поднесено официјална пријава.

Во однос на постапувањето на Секторот за внатрешни работи Скопје во овој дел, Ве информираме дека се преземаат мерки за проверка на наводите и идентификување на лица кои нелегално наплаќаат карти во кругот на Клинички центар. Ако се утврди дека ваквите наводи се вистинити, откако ќе бидат идентификувани лицата и се соберат доволно информации, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1348938559529623552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1348938559529623552%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.analitikum.mk%2Fpost%2Fvideo-parkingot-na-klinicki-okupiran-od-reketari-ako-ne-im-platis-ne-mozes-da-parkiras