(Видео) Meтеop гo ocвeтли нeбoтo нaд Ocлo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем метеор го осветли небото над Норвешка во саботата навечер, а можел да се види и од Шведска, јавија локалните медиуми.

Граѓаните се јавувале во полиција кога виделе многу јака светлина и чуле силна бучава, јавија денеска норвешките медиуми.

Некои ги отвориле прозорците и вратите затоа што почувствувале промена на притисокот на воздухот. Новинарот од норвешкиот весник „Варденс ганг“ го опиша метеорот како огнена топка во воздухот која го осветилила цело небо.

Светлината по 1 часот наутро по локално време можела да се воочи на југот на Норвешка, но и во Шведска.

Стручњаците сметаат дека делови од метеорот слетале западно од Осло, главниот град на Норвешка.

Вегард Лундби од Норвешката мрежа за следење метеори вели дека во моментот се трага по остатоците од метеорот на Земјата, кои можат да тежат неколку килограми.

Големината на метеорот сè уште не е позната, но извештаите покажуваат дека бил доста голем. Некои претпоставуваат дека тежи неколку десетици килограми.

Според ВГ, научниците сметаат дека метеорот стигнал од појасот астероиди меѓу Марс и Јупитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This