дома Свет (Видео) Mocква ја пoгoди ypaган, под вода една од најпознатите метро станици

(Видео) Mocква ја пoгoди ypaган, под вода една од најпознатите метро станици

Москва ја погоди силен ураган: поплавени се метро-станицата „Јасењево“ и телевизискиот центар „Останкино“, додека гром ја погоди трафостаницата во предградието на Шелково, пренесува телевизијата „Русија 24“.

Удар на гром предизвика прекин на електричната енергија во 15.000 домови.

Водата влегува во метро станицата „Јасењево“ која е затворена од безбедносни причини.

Во улицата „Правда“ ветерот го однесе покривот од зградата.

Според синоптичарите, денес во Москва се очекува да падне количина на дожд која претставува 70 проценти од просечните месечните врнежи.