(Видео) Oбилни вpнeжи вo БиХ: Во Сараево пoплaвeни бpoјни нaceлeни мecтa – coобpaќajот блoкиpaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дождот кој од вчера паѓа низ Босна и Херцеговина предизвика големи проблеми во сообраќајот, додека многу населени места во Сараево се поплавени, а сообраќајот е блокиран.

Дождот што паѓаше во текот на ноќта ги поплави патиштата во главниот град на БиХ, а многу сараевски населби утрово се под вода.

Во центарот на градот надојде реката Миљачка, а висок водостој е забележан кај мостот Ќумурија и во Скендерија.

Видео може да погледнете ТУКА.

Проблеми предизвикаа и реките Жељезница и Тилава, кои предизвикаа поплави во населените места Отес, Влаково, Бутмир и други места.

Противпожарната служба на кантонот Сараево соопшти дека се поплавени згради и семејни куќи, дека екипи се на терен и дека луѓето се евакуираат. Загрозени се меѓу 50 и 70 куќи. Се наведува дека корисниците од старскиот дом во таа населба се префрлени на повисоки катови.

Објава може да погледнете ТУКА.

Сообраќајот на поширокото подрачје на Сараево (на подрачјето на: Бачиќ, Отес и Доброшевиќ) е забавен и отежнат поради вода на коловозот.

Поради излевање на вода на патиштата и одрони, во прекин е сообраќајот на делницата Трново-Сараево, алтернативната траса е преку Игман, соопшти Босанско-херцеговскиот авто-мото клуб (БИХАМК).

Во прекин е сообраќајот и на делницата од регионалниот пат Коњиќ-Борачко Језеро.

Видео може да погледнете ТУКА.

Федералниот хидрометеоролошки завод утринава издаде црвено предупредување за обилни врнежи, бурни ветрови и лизгање на земјиштето.

Очекуваната количина на врнежи на подрачјето на Мостар се движи меѓу 40 и 60, локално 80 литри на метар квадратен. Истовремено во Сараево денеска се очекуваат од 15 до 30 литри на метар квадратен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This