дома Актуелно (Видео) Oва ce новите мepки: Споpeд 3aeв граѓаните се винoвни што не...

(Видео) Oва ce новите мepки: Споpeд 3aeв граѓаните се винoвни што не ги почитуваа досегашните мepки

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре (вторник) да важи забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наредниот ден.

Според Заев виновни се граѓаните што не ги почитувале досегашните мерки и овозможиле ширење на заразата, се работи за нов позаразен и поопасен британски сој на коронавирус.

Целосно затворање на сите угостителски објекти, продажба може да се остварува онлајн преку достава.

Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници, единствено ќе биде дозволена шалтерска посета.

Целосна забрана за работа на теретаните, спортските центри и салите за вежбање.

Се забранува оранизирање на семинари, обуки, курсеви, работилници.

На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозволите.

За време на посебниот режим домашните миленици ќе може да ги изнесете во времетраење од 22 до 23 часот.