дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео) Opбан за вakцините: Преговараме со сите, и со западните и со...

(Видео) Opбан за вakцините: Преговараме со сите, и со западните и со источните земји, Америка, Европа, Русија, Кина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан информираше денеска дека прватa пратка со вакцината против коронавирусот ќе пристигне во Унгарија за три дена.

Уште еднаш го разгледавме планот за вакцинација и го финализиравме и го одобривме. Докторите, медицинските сестри и оние кои работат на спасување животи на интензивните одделенија, ќе добијат можност први да се вакцинираат. Подоцна, сè уште не го знаеме точниот датум, ќе започне масовната вакцинација во Унгарија. Кои вакцини ќе се користат, зависи од постапките за одобрување што ги спроведува ЕУ и од постапките за одобрување што ги спроведуваат унгарските власти. Преговараме со сите, и со западните и со источните земји, Америка, Европа, Русија, Кина, Израел …, рече Орбан. Унггарскиот премиер рече дека масовната вакцинација ќе биде доброволна и бесплатна и ги замоли сите што сакаат да се вакцинираат да се регистрираат-рече Орбан.