(Видео) Peфopмитe вo обpaзoвaниeтo мopa дa бидaт нa cтaв coздaдeн oд екcпepти вo тaa oблacт, a нe пapтиcки eкcпepимeнт нa Царовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес на Комисијата за образование, наука и спорт побара повлекување на концепцијата за реформи во основното образованието и одржување на итна јавна расправа во Собранието на Република Македонија. Доста со глумење на некаква јавна расправа. Јавна расправа нема. Мила Царовска дозволи пишување на писма до неа, но тоа не е и не може да биде јавна расправа, изјави на денешната прес конференција, Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Потребна е вистинска јавна расправа овде во Собранието со вклучување на сите релевантни чинители, со цел оваа реформа навистина да се унапреди и да се подобри квалитетот на образованието во Република Македонија.
Реформите во образованието мора да бидат резултат на изграден национален став кој што ќе биде создаден од тимови од реномирани и докажани експерти во областа, а не партиски експеримент на министерката Мила Царовска кој што има многу мани и недоследности за кои реагираа скоро сите кои се дел од образовниот систем во Македонија, истакна Ласовска.

– Негативните критики се се почести околу концептот на интегрирање на предмети особено на предметите Историја и Географија и со демантите од бројни здруженија излезе на виделина дека Царовска сака да манипулира со јавноста дека се работи за некаков фински модел кој што ќе значи укинување на предметот Историја и други предмети односно нивно интегрирање, посочи таа.

– Јавната расправа која што ја бараме во Собранието на Република Македонија треба да биде место каде што ќе можат да се слушнат многу забелешки, предлози, концепти и мерки врз кои што подоцна би се изградила национална стратегија од која што ќе произлезат нови реформи и концепти во образовниот систем и истите ќе бидат донесени со консензус од сите политички чинители но и консензус од сите релевантни институции кои што ќе учествуваат во нејзиното градење, децидна е Ласовска.

Таа потенцира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквото самоволие и ваквите експерименти кои што сака да ги турка оваа Влада преку министерката Мила Царовска се крајно несериозни, понижувачки и дека последиците од сето ова ќе ги трпат учениците и наставниот кадар.

– Затоа, доста беше со импровизации, нашите деца заслужуваат најдобро, нашите деца заслужуваат квалитетно образование, а нашите наставници и професори квалитетни наставни програми, додаде Ласовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This