(Видео) SSC Tuatara, официјално најбрзиот автомобил во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

SSC North America, Првата американска компанија за хипер-автомобили, ја превзема титулата за „Најбрзо возило во сериска продукција“, овој пат со моделот Tuatara; автомобил со 1,750 коњски сили.

Со светски познатиот тркачки возач Оливер Веб, кршењето на рекордот се случи во Неделата, на автопат во Невада кој има дел без свиоци во должина од 18 километри.

Веб ја доведе Tuatara до просечна брзина од 508 километри на час, после две тестирања и го прекрши претходниот рекорд на Bugatti oд 450 Километри на час.

Максималната брзина што Tuatara успеа да ја достигне после двете тестирања се вртоглави 532 километри на час!

На настанот присуствуваа и официјални претставници од Гинисовата книга на рекорди кои што го потврдија рекордот.

Покрај титулата најбрзо возило во сериска продукција, Tuatara прегази и три други рекорди и тоа:

– „Најбрза летечка милја на јавен пат“ со брзина од 503 километри на час или 313 милји на час.
– „Најбрз летечки километар на јавен пат“ со брзина од 517 километри на час.
– „Најголема брзина постигната на јавен пат“ со брзина од 532 километри на час.

Останува да видиме како Bugatti ќе одговори на ова, а видеото од рекордот може да го погледнете тука:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This