(Видео) Tутунарите ги живеат нaјцрните денови, килограм тутун се откупува и за 150 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во деновите кога тутунарите треба да бидат најсреќни и кога треба својата мака ќе ја наплатат тие во моментов ги живеат своите најтешки денови во последнава деценија. Килограм тутун се откупува за 150 денари. Ова не е ниту доволно да ги покрие основните трошоци за тутунарите. За заработка воопшто и не станува збор. Од почетокот до сега тутунот се цени за една до две класи пониско. Тутунарите се понижени и обесправени, а нивната мака и труд потценети. Исто така одбитоците по килограм тутун се од 8 проценти и повеќе, само за споредба претходните години одбитоците се движеа околу 5 проценти, изјави на денешната прес конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Се бара начин како тутунарот да се оштети, а власта преку смешните изјави на министерот за земјоделство стои на страна, гледа и ништо не превзема. И после овој прес ќе ме обвинат за собирање на политички поени. Но, какво е тоа собирање на политички поени кога јас речиси цела година алармирав, молев и предупредував до надлежните институции дека ова ќе се случи уште кога го сменија законот за тутун со кој се дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Ова не е почитувани ниту политика, ниту политички интерес. Ова е вистинската грижа за земјоделците. Последиците од тие измени на законот веќе ги гледаме по тоа што оваа година се склучени драстично помалку договори за откуп на тутун од лани. И согласно проценките 3 до 4 милиони килограми тутун ќе останат неоткупени, а со тоа штетите на тутунарите и државата ќе бидат огромни, потенцира Трипуновски.

Тој вели дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ застануваат во одбрана на тутунарите.

– Цела година апелирам власта да седне со откупувачите и да обезбеди сигурен пласман и високи откупни цени. Напротив, власта не само што не седна, туку и го загрози домашното производство, со тоа што дозволи увоз на тутун уште пред домашното производство да биде откупено. Потребите на пазарот се заситија со поевтин тутун од увоз, а домашниот сега ќе скапува по таваните. Со моменталните цени на тутунот не се уништува само тутунската индустрија во Македонија, која опстојува цел век и носи годишно милионски прилив во буџетот. Туку се уништуваат и наемните работници, трговците, занаетчиите и сите пропратни гранки кои се меѓусебно поврзани, додаде Трипуновски.

– Токму затоа апелираме состојбата да се сфати максимално сериозно и веднаш да се пристапи кон изнаоѓање на реални решенија со што ќе се надмине оваа тешка ситуација на тутунарите кои што ја преживуваат во моментот, истакнува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This