дома Балкан (Видео) Tpaгeдиja вo Турција: Ce cpyши бopбeн aвиoн – пилoтoт гo зaгyби...

(Видео) Tpaгeдиja вo Турција: Ce cpyши бopбeн aвиoн – пилoтoт гo зaгyби живoтoт

Пилотот на турскиот борбен авион Нортроп НФ-5 загина кога авионот се урна денес во централниот дел на Турција, потврди тамошното Министерство за одбрана.

Авионот се сруши во провинцијата Коња околу 14 часот и 45 минути по локално време, а причината за падот на авионот се уште не е позната.

Спасувачките екипи се на терен, а властите веќе започнаа истрага за да се откријат причините за падот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до семејството на загинатиот пилот.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Според локалните медиуми, авионот што се срушил бил дел од аеробатскиот тим на турското воено воздухопловство, а несреќата се случила за време на тренинг летот.