(Видео) Tyтyнapитe вo пoнeдeлник нa пpoтecт пpeд Влaдa: Пykнa тpпeниeтo пo лaжнитe вeтyвaњa, бapaат oдгoвори oд пpeмиepoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По серијата од лажни ветувања дека ќе се корегира годинашната, катастрофална откупна линија, пукна трпението на излажаните и понижени тутунари, па тие, вo понеделник се селат пред Владата. Ќе бараат одговори од премиерот – кога и како мисли да го исполни ветеното, пренесе ТВ Алфа.

„Од самиот старт на откупот, ние сфативме дека ова е игра. Значи, се земаат квалитетени тутуни во пониски класи, одбитоци од огромни 10 проценти, динамиката е слаба на откуп…ланската година се откупуваа по 1.200.000 кг на ден, а сега по некои 400-500 тони на ден. Затоа ние одлучивме – протест пред Владата за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема, изјави за Алфа, Игор Мирчески, од ИО на незадоволните тутунари.

„Ние нема да подлегнеме, ниту јас како Игор, ниту членовите на ИО и во оваа работа ќе одиме до крај. Ние сме најбедната, најсиромашната класа, ние сме тие кои ја храниме нацијата и Владата мора да има слух за нас“, вели Мирчески, признавајќи дека во последниве денови трпат невидени притисоци, со цел нивно дискредитирање како водачи на протестите.

„Јас имам 10 тона тутун за предавање. Предадов неколку килограми и ако тие неколку килограми го одредат целиот просек, тоа е веќе смешно, само се тоа луѓе што не се разбираат од тутун. Значи, имаме притисоци разни, тивки уцени, меѓутоа ние нема да потклекнеме“, – категоричен е Мирчески.

Инаку, колку за потсетување, македонските тутунари, досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот, и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија, и понатаму се одвивал по старата шема. А од Сојузот на земјоделски здруженија пак, минатата недела, во знак на револт, најавија дека од понеделник ќе ги повлечат нивните контролори, односно поверениците од вагите и ќе го стопираат откупот на тутун.

Прилогот на Алфа погледнете го во продолжение:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This