(Видео) Xаос во Цетиње, граѓаните ја отcтраниja оградата пред манастирот, интeрвенираше и полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група граѓани во текот на ноќта се обиделе да поминат низ заштитната ограда што била поставена на Дворски трг, пред манастирот Цетиње, а потоа ја отстраниле, јавуваат црногорските медиуми.
Полициската управа за „Вијести“ изјави дека со брза реакција е воспоставена контрола.
„Полициските мерки и дејствија се во тек “, велат од полицијата за Вијести.

Од утрово цетинци се огорчени поради оградите што се поставени околу цетинскиот манастир.

На снимката објавена од „Победа“ се слуша како собраните извикуваат „ова е Цетиње“ како и „ова е нашата полиција, полицијата нема да пука во нас, не штити“.

Се слуша како велат „не ја допирајте полицијата“.

Собраните го повикаа и вицепремиерот Дритан Абазовиќ, извикувајќи навредливи пораки против него.
Црногорските медиуми наведуваат дека барикадите биле отстранети, и дека бариерата сега ја држи полицискиот кордон, како и дека тензиите се смириле после тоа.
Црногорските медиуми наведуваат дека на самото место се очекува и доаѓањето на градоначалникот на Цетиње, Александар Кашелан и началникот на Комуналната полиција, Сава Јашовиќ.
Устоличувањето на митрополитот Црногорски Јоаники и приморјето е планирано за утре во манастирот Цетиње.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This