дома Свет (Видео)250 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО РАКЕТИ, ЗА ОВОЈ РЕЗУЛТАТ: Уништена една помала зграда...

(Видео)250 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО РАКЕТИ, ЗА ОВОЈ РЕЗУЛТАТ: Уништена една помала зграда – научен центар за истражување на хемиско оружје

Објавена е првата снимка од научно-истражувачкиот центар Барзех во Сирија по нападите на западните сили во Сирија

Француското Министерство за одбрана претходно соопшти дека цел на нападите било да се погоди Центарот за истражување на хемиско вооружување во Сирија.

Шефот на Здружениот комитет на началникот на штабовите на САД Џозеф Данфорд изјави дека цел е и складиште на хемиско оружје во Хомс, каде наводно се чува сарин.