дома Занимливости (ВИДЕО)Facebook ја лансираше новата функција за објавување 3D фотографии

(ВИДЕО)Facebook ја лансираше новата функција за објавување 3D фотографии

Facebook ја ланисраше новата функција 3D photo, која ќе додава длабочина во вашите фотографии на News Feed. Почнувајќи од вчера, корисниците постепено ќе почнат да ги гледаат таквите фотографии, а опцијата во наредниот период ќе им стане достапна на сите. Со цел да ја користите потребен ви е смартфон со две камери.

Facebook со помош на вештачката интелигенција, може да ги искористи фотографиите креирани со двојна камера и да ги објави во 3D форма. Тоа значи дека при поместување на телефонот, односно на курсорот со глувчето на десктоп, фотографијата ќе почне да се прикажува од различни агли, а со тоа ќе се менува и позадината која е прикажана.
И покрај тоа што ги нарекуваат 3D Photos, фотографиите нема да бидат навистина тродимензионални, бидејќи нема да можете да ги ротирате за да ги видите од сите агли. Но, ќе имаат одредема длабочина благодарение на која ќе можете да ги погледнете од повеќе агли, отколку што е можно со обичните фотографии.