дома Актуелно (Видео)Xaoc вечерва кај СЦ „Борис Трајковски“, таксист дивeeл и yдиpaл во се...

(Видео)Xaoc вечерва кај СЦ „Борис Трајковски“, таксист дивeeл и yдиpaл во се што му се испречило на патот

Вистински хаос се случувал вечерва кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ откако таксист со своето возило удирал во паркирани автомобили, рекламни паноа, огради.

Според првичните информации, возачот бил под силно дејство на алкохол.

Засега нема пријави за повредени лица. Очевидци за „Инфомакс“ велат дека среќна околност е што автомобилот на таксистот престанал да работи поради оштетувањата, во спротивно веројатно би продолжил со дивеењето.

Полиција и Брза помош се на лице место.
Видео!