дома Балкан (Видeo) „Елaj cи co мeнe“: Бopиcoв гo кaчи Jaншa вo нeгoвиoт aвиoн...

(Видeo) „Елaj cи co мeнe“: Бopиcoв гo кaчи Jaншa вo нeгoвиoт aвиoн oд Љyбљaнa дo Bиeнa

На пат кон Виена застанавме во Љубљана да го земеме словенечкиот колега Јанез Јанша и неговиот тим. Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговиот официјален профил на Фејсбук.

– Заедно летаме кон главниот град на Австрија, каде ќе разговараме за нашиот став дека пропорционалната дистрибуција на вакцините по квота врз основа на население треба да важи и за набавките, а не само за нарачаните количини. Пандемијата достигна фаза кога е исклучително важно земјите од ЕУ да бидат обединети. Поддршката е важна во секое време, напиша Борисов, јави дописникот на МИА од Софија.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска ќе учествува на работна средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц и премиерите на Чешка, Андреј Бабиш, на Летонија, Артурс Крижанис Карин, на Словенија, Јанез Јанша и на Хрватска, Андреј Пленковиќ, објави прес-службата на бугарската влада.

На настанот, што ќе се одржи во австриската престолнина Виена, шесте лидери ќе разговараат за нивната позиција, повикувајќи на дискусија на европско ниво за снабдувањето со вакцини против ковид-19 и нивната фер дистрибуција врз основа на процентот на население на секоја држава-членка.