дома Македонија (Видeo) Спасовски: Ако не се пpeдадеше до 21 часот Миjaлков ќе беше...

(Видeo) Спасовски: Ако не се пpeдадеше до 21 часот Миjaлков ќе беше пpивeдeн

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со шокантна информација во која тврди дека ако Сашо Мијалков не се предал за неколку часа ќе било поинаку.

Мијалков пред ЈО се појави нешто пред 17 часот што според Спасовски наведува дека тој ќе бил уапсен околу 21 часот.

На сугестијата на водителот Сашо Ордановски во емисијата Утрински брифинг дека ќе бил уапсен Спасовски премолчено потврдува.

Оваа изјава на Спасовски сугерира дека министерот точно знаел каде е и што се случува со Мијалков.

Во исто време се наметнува и прашањето што е тоа што го натерало Мијалков да се предаде а власта да го пушти да шета из центарот на Скопје и да добие куќен притвор иако по него беше распишана меѓународна потерница.

Предходно самиот Мијалков во изјава призна дека уште од утрото знаел дека го бара МВР и целата македонска јавност.