Следува период на многу студено време повремено со умерен до засилен северен ветер. Преку викендот и преку ноќта кон недела ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.
Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.
Во југозападните делови на пониските места таа ќе изнесува и над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Температурите ќе бидат под просекот за овој период и преку денот ќе останат негативни и само понекаде ќе достигнуваат некој степен над нулата.
Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени, информираат од УХМР.