дома Балкан Викенд kapaнтин во Сараево, дозволено единствено достава на храна

Викенд kapaнтин во Сараево, дозволено единствено достава на храна

За викенд се затвора Кантонот Сараево, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Затворањето почнува во петок во 20 часот и ќе трае до понеделник во 7 часот наутро. Ова го потврди Един Форто, премиер на Кантонот Сараево. Ќе работат само аптеките, продавниците за храна, бензинските пумпи. Ќе работат здравствените установи и јавниот градски превоз.

„Ќе биде дозволена единствено достава на храна“, рекол Форто.

Инаку, во Кантонот Сараево во изминатите 24 часа се регистрирани 451 нов случај на Ковид-19, пишува „Дневни аваз“.

Во БиХ досега од коронавирусот починаа повеќе од 5.200 луѓе. Повеќето земји во регионот и во Европа ги враќаат рестрикциите.