дома Занимливости Вистина или заблуда, можат ли да се симнат 5 килограми за две...

Вистина или заблуда, можат ли да се симнат 5 килограми за две недели

Ова е едно од најчесто поставуваните прашања на луѓето кои почнуваат диета.

Не сакаме да ве разочараме и обесхрабриме, но еве што одговараат нутриционистите.

Вистина е. Можат да се симнат 5 килограми во рок од две недели доколку сте на ригорнозна диета. Но тешко дека таа магија долго ќе трае, зашто изгубеното ќе се врати во рекорден рок штом се вратите на вашиот нормален режим на исхрана.

За да изгубите 1 килограм телесна тежина морате да елиминирате 7.000 калории, а тоа се постигнува со помал внес на храна и повеќе трошење на енергија (вежбање). Ако секој ден успеете да редуцирате 500 калории (на пример да заштедите 300 калории со помал внес на храна и дополнителни 200 да потрошите со вежбање), шансите дека ќе загубите 1 килограм за две недели се огромни. Е тоа е тој килограм кој нема шанса брзо да го вратите!

Оттука, ако сакате да изгубите 5 килограми кои нема да ги вратите, потребни ви се два ипол месеци. Што не е така долг период, нели?