дома Хроника Вистинска драма: Се обиделе да ги пpeгазат полицајците што ги cтопиpале, па...

Вистинска драма: Се обиделе да ги пpeгазат полицајците што ги cтопиpале, па си го оштeтиле возилот за да не им биде одземено…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(33) од с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”, „Кражба” и „Спречување на докажување” и против П.Т.(28) од с.Мешеишта поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење на службено дејствие” и „помагање на сторител по извршено кривично дело”. На 31.08.2021 во с.Мешеишта, првопријавениот со товарно возило превезувал огревни дрва и кога полициски службеници дале знак за запирање тој со возилото тргнал кон нив и се обидел да ги прегази. После тоа кога се исклучил од патот, го оштетил возилото за да не му биде одземено, а второпријавениот му помагал и ги попречувал полициските службеници во извршувањето службени дејствија.