April 24, 2024, 11:27 am

Вицепремиерот Димитров утре во Мадрид на дискусија за европската перспектива на регионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров утре во Мадрид биде говорник на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширување на ЕУ.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, преку учеството на Димитров заедно со државниот секретар за ЕУ на Шпанија и претставникот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, како и високи претставници за европски и надворешни работи од регионот, ќе биде дискутирана европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата.

Настанот е во организација на Кралскиот институт Елкано, Бледскиот стратешки форум, Амбасадата на Словенија во Шпанија и Фондацијата „Карлос де Амберес“ при што предвидена е и сесија на истакнати академски експерти од областа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This