Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика веќе два месеци не оди на работа, бидејќи, како што објави Сакам да кажам, е револтиран од лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој во една внатрепартиска битка не го поддржал, туку застанал на страната на друг висок партиски функционер.
Лика не присустувал на владина седница, а не се појави ниту на семинарот РОС-РОТ, организиран минатата недела од парламентарното Собрание на НАТО што се одржа во Собранието, иако беше најавен како еден од говорниците.