дома Македонија Вицепремиерот Николовски позитивен на Ковид-19

Вицепремиерот Николовски позитивен на Ковид-19

Вицепремиерот Љупчо Николовски е позитивен на коронавирусот.

Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси соопшти денеска дека имал благи симптоми.

„Поради лесни симтоми направив КОВИД-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме, напиша Николовски на „Фејсбук“.

Минатата недела позитивен тест имаше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој се уште е дома.

Од владините министри позитивен беше и министерот за внатарешни работи Оливер Спасовски, но тој беше и хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.