дома Македонија Вицепремиер во Владата го прекрши изборниот молк, на фејсбук објави интервју за...

Вицепремиер во Владата го прекрши изборниот молк, на фејсбук објави интервју за странски медиум

Вицепремиер во Владата, кој доаѓа од редовите на политичка партија учесник на парламентарните избори, денеска на Фејсбук објави видео од интервју дадено за странски медиум, во кое зборува за теми поврзани со изборите и за новата владата по нив, објави „360 степени“.

Во изјава за „360 степени“ вицепремиерот смета оти не го прекршил молкот со објавата на социјалните мрежи.

Нема забрана за комуникација со пријатели на социјалните мрежи преку приватен профил“, вели вицепремиерот за „360 степени“.

Од Државната изборна комисија (ДИК) не биле запознаени со објавата. Посочиле дека на седницата кој е во тек може да се отвори ова прашање или да се постави како прашање од страна на новинарите.

Целиот текст ТУКА