дома Актуелно ВИЦЕ ЗАЕВ Е ВИСТИНСКИОТ СОПСТВЕНИК НА ТЕЛЕВИЗИЈА 24: Братот на Заев е...

ВИЦЕ ЗАЕВ Е ВИСТИНСКИОТ СОПСТВЕНИК НА ТЕЛЕВИЗИЈА 24: Братот на Заев е телевизија 24

Кој е сопственик на телевизија 24? И дали Вице Заев, е вистинскиот сопственик? Иако во јавноста веќе подолго време кружат шпекулации дека основач на телевизијата е штипјанецот Роберт Димитров, познат како Роби телекабел, тој за Телевизија Алфа го демантира истото. Останува прашањето дали на чело на сопственичката структура на тв 24 е токму братот на лидерот на СДСМ?  Дали овие наводни информации се вистина, а Вицето е навистина сопственик на телевизијата? Сомневањата ги подгреа и Љупчо Палевски, некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и некогаш близок пријател на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, пишува Алфа.

`

Со самото ова што јас го говорам кај вас во радио, укажува дека имате поголеми демократски капацитети. Јас ова не можам да го кажам за Заев во Тв 24 која е на Вице , не е на Роби. Меѓутоа во централен регистер сеуште се води. – Значи на братот на Заев е телевизија 24. – Да, да, да. Тоа е јавна тајна дека е на Вице телевизијата. Не е сменета формално, во регистер не е, кажа Палевски.

Во обид да дознае кој навистина стои позади сопственичката структура на оваа телевизија, ТВ Алфа дојде до податоци дека Австриската фирма која е прикажана како сопственик на телевизија 24 вести има само еден вработен.

Според Централен регистар, како сопственик на ТВ 24 се јавува австриската фирма, CABLE 24, (Кејбл 24) која е регистрирана во Линц Австрија и скоро е невозможно да откриете со што се занимава и која е главната дејност на оваа фирма. Нејзиното седиште е на адреса на која се наоѓа хотелски комплекс, а на иста адреса се водат и помали фирми, кои имаат по една канцеларија. Тука најверојатно е сместена и сопственичката фирма на телевизија 24, пишува Алфа.

Алфа се обиде да добие податоци од и веб сајт од Австрија од каде се добиваат бизнис информации за фирмите и нивниот кредитен рејтинг. Според информациите добиени од таму, Кејбл 24 е регистрирана во 2010 година и има само еден вработен, на позицијата менаџер. Станува збор за Јирген Микснер (Jurgen Meixner ) Австриец на 38 годишна возраст и тој е единствениот вработен во фирмата. Ова име се појавува и како менаџер на уште 5 други фирми, а меѓу нив само ЈМ ДАТА Телеком се поврзува со Македонија но без податоци кои се нејзините бизнис партнери од Македонија. Според податоците пак објавени на сајтот,во фирмата ЈМ ДАТА е вработена извесна Весна, која има исто презиме како и менаџерот на фирмата сопственик и на телевизија 24. Нејзиниот работен ангажман пак е превод на официјални документи на македонски јазик, стои на сајтот на фирмата. Неофицијално Македонката мажена за австриец е по потекло од Штип.

Како оваа фирма со еден вработен станала сопственик на ТВ 24 што се крие позади параванот останува енигма. А дали и колку шпекулациите за поврзаноста на Вице и Зоран Заев со оваа телевизија се точни, па најверојатно останува да ги каже уште некој функционер на СДСМ, пишува Алфа.