дома Македонија ВИЦЕ ЗАЕВ ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАШЕ НОВАТА КОАЛИЦИЈА ЗОРАН ЗАЕВ, ВИЦЕ ЗАЕВ И САШО...

ВИЦЕ ЗАЕВ ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАШЕ НОВАТА КОАЛИЦИЈА ЗОРАН ЗАЕВ, ВИЦЕ ЗАЕВ И САШО МИЈАЛКОВ:

Со интервјуто на братот на Зоран Заев, Вице Заев само се официјализираше новата коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков. Иако не е достојно нивото на комуникација потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски да му одговара на Вице Заев човек за кој постојат сериозни сомнежи за криминал би го посочиле следново: Непобитен факт е дека Вице Заев е дел од структурите кои вршеа притисок, уцени и закани врз пратеници за да гласаат „ЗА“ уставните измени, водејќи се од лични и лукративни интереси за него и неговото семејство. Тоа е единственото што знаат да го прават. Такви се тие „успешни бизнисмени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вистината и правдата ќе дојде на виделина и ќе дојде време за тоа. Нема никакво извинување за криминалниот картел на власта, а судството кое е целосно диригирано од Заеви каде неправдата „цвета како пупка“ истото тоа кое го ослободува братот на Вице, Зоран Заев од очигледни криминали каде постојат видеа за поткуп, во овој момент не може да испорача правда. Иако ќе дојде набргу време и тоа да се промени. И за крај во НАТО и ЕУ не поминуваат бизнис шемите на Заеви и затоа е смешно Вице да зборува за нив, стои во партиската реакција.