Една од првите активности на Столески е расчистување со сите професионалци за кои постои сомнеж дека не би ги реализирале политичките сценарија на СДСМ. „Инфомакс“ дознава дека денеска биле повикани околу 20 долгогодишни припадници на ЕБР кои учествувале во голем број акции, а не ретко се здобивале и со повреди. На сите нив од страна на командантот Столески им било понудено да потпишат барања за прераспоредување, во спротивно, Столески им најавил дека „тие“ ќе им најделе начин да ги прераспределат и немало да оди се така добро.
Во предизборниот период СДСМ ветуваше дека ќе ја професионализирале наводно партизираната полиција, но досега успеаа само вистински и масовно да ја партизираат. Македонската МВР е единствен пример во светот каде во една канцеларија работат сорпуг и сопруга, во ситуација кога едниот е советник на министерот, а другиот сопружник советник на државниот секратар – каков што е случајот со Стојанче Ангелов и неговата сопруга.