дома Македонија ВИШКА: Училиштата не треба да носат имиња на членови на УЧK

ВИШКА: Училиштата не треба да носат имиња на членови на УЧK

Познатиот македонски актер од албанска националност, кој воедно ја извршува функцијата директор на Гостиварскиот театар, реагира за последниот потег на Министерството за образование за преименување на две училишта во скопската населба Чаир.

Тој, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, напиша дека е против новите имиња на училиштата кои се преименувано во „Имри Елези“ и “Исмаил Кемали“, за што смета дека училиштата треба да носат имиња на научници, просветители, писатели, а не имиња на политичари и маченици, односо членови на УЧК кои загинале за време на воениот конфлик во 2001 година.

-Знам дека зборувам со луѓе од минатиот век, но … училиштата треба да носат имиња на научници, наставници, писатели и поети… има многу објекти, паркови и улици и сл., кои би биле почестени со имињата на политичарите и маченици. Малку повеќе почит за интелигенцијата и … логиката. Да. Логиката.“, стои на Фејсбук статусот на Вишка.