дома Македонија Вишото oбвинитeлcтво ја „оживea“ kpивичната пpoтив Ангеловска

Вишото oбвинитeлcтво ја „оживea“ kpивичната пpoтив Ангеловска

Вишото јавно обвинителство ја врати во живот кривичната пријава која Левица пред неколку месеци ја поднесе против екс министерката за финансии Нина Ангеловска, со обвинение дека ги повлекла своите пари од Еуростандард банка пред таа да пропадне. Поточно, основното обвинителство прво ја отфрли кривичната пријава, но сега Вишото обвинителство ја прифати поднесената жалба од партијата.

-Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно своите законски надлежности, по увидот во жалбата и списите од предметот донесе Решение со кое жалбата ја уважи и го задолжи Основното јавно обвинителство Скопје да ја продолжи постапката со цел утврдување на сите неопходни факти и донесување соодветна јавнообвинителска одлука која ќе произлезе од утврдените факти и докази, одговорија за „Фокус“ од Обвинителството.

Според кривичната пријава која ја поднесе Левица, додека Ангеловска била на функција, наводно, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители.

Извор: Фокус