дома Македонија ВКЛУЧЕН АЛАРМ ГИ ОДЛОЖИ СУДЕЊАТА ЗА „27 АПРИЛ“ И ЗА „МОН СТРУМ“:...

ВКЛУЧЕН АЛАРМ ГИ ОДЛОЖИ СУДЕЊАТА ЗА „27 АПРИЛ“ И ЗА „МОН СТРУМ“: Неможеле да го исклучат алармот па ја исклучиле струјата во судот

Вклучен аларм ги одложи претпладневните рочишта во Кривичниот суд – Скопје, меѓу кои и за „27 април“ и за „Монс трум“.

Поради неможност да се исклучи алармот, прекинато е снабдувањето со струја во судот.

Вработените, обвин ети и нивните бранители, како и новинарските екипи кои се дојдени да ги следат рочиштата, се пред судската зграда.

Засега нема информација од што се вклучил алармот. На влезовите во Кривичниот суд се залепени известувања дека поради технички проблеми судењата се одложени по 11 часот.