дома Свет Вклучен алapм: Северна Кореја ги проширува своите нykлеарни капацитети, покажуваат саталитските снимки

Вклучен алapм: Северна Кореја ги проширува своите нykлеарни капацитети, покажуваат саталитските снимки

Последните сателитски снимки покажуваат дека Северна Кореја ја проширува фабриката за збогатување ураниум во својот главен нуклеарен комплекс Јонгбјон, што е знак дека има намера да го зголеми производството на оружје, велат експертите.

„Проширувањето на фабриката за збогатување веројатно покажува дека Северна Кореја планира да го зголеми производството на ураниум за оружје на локацијата во Јонгбјон за дури 25 проценти“, се вели во извештајот на Џефри Луис и двајца други експерти од Институтот за меѓународни студии Миделбери во Монтереј

Оценката доаѓа откако Северна Кореја неодамна ги зголеми тензиите во регионот со првите ракетни тестови во последните шест месеци, во услови кога преговорите со САД за нуклеарно разоружување се во застој, пренесува АП