дома десерти Вкусна торта од крем банани, готова за 15 минути

Вкусна торта од крем банани, готова за 15 минути

Разубавете си го денот со една вкусна торта која ќе ви одземе минимално време за подготовка.

Овој рецепт е идеален за сите оние кои не сакаат да минуваат долго време во кујна.

Тортата е готова за само 15 минути, нема печење и е многу едноставна за подготовка.

СОСТОЈКИ:

1 пакување бисквити, 24 чоколадни крем банани, 200 милилитри кисела павлака, 200 милилитри слатка павлака, 200 грама шеќер во прав, шлаг пена.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад со помош на миксер изматете ги киселата павлака и додадете го шеќерот во прав. Во смесата додајте ги искршените бисквити а потоа и крем бананите кои исто така се кршени. Измешајте со рака.

Смесата префрлете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг пена.

Доколку е потребно, можете веднаш да ја сервирате тортата, иакп многу подобро е пред да ја сервирате, да ја оставите малку да се олади во фрижидерот.

Добар апетит!