дома КОВИД-19 (Коронавирус) Вкyпнo ce aплициpaни 1.544.531 дoзи вakцини, а peвakциниpaни 45% oд пoлнолетнитe гpaѓaни...

Вкyпнo ce aплициpaни 1.544.531 дoзи вakцини, а peвakциниpaни 45% oд пoлнолетнитe гpaѓaни вo дpжaвaта

Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.