дома Македонија Владата бара kpизната состојба да се продолжи до крајот на годината

Владата бара kpизната состојба да се продолжи до крајот на годината

Владата на денешната седница му предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за постоење на кризната состојба до 31 декември 2021 година.

На оваа седница утврден е текстот на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи кој предвидува усогласување со реализацијата на проектот и започнатата имплементација на eвропскиот број за итни повици во Република Македонија, E-112.

Имплементацијата на овој проект, како што велат, има за цел ефикасен и целосен одговор при повик-јавување во случај на ризици, опасности или други несреќи на целата територија на републиката за итно давање и пружање на помош на повикувачот или реакција во врска со пријавена опасност, од страна на Центарот за управување со кризи.