дома Македонија ВЛАДАТА ВО ПАНИКА СЕ НАДЕВА НА ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Не затворија три дена,...

ВЛАДАТА ВО ПАНИКА СЕ НАДЕВА НА ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Не затворија три дена, ама Филипче очекува до крајот на неделава да имаме подобра слика

Прогнозите се дека ќе имаме поинаква многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во земјава до крајот на оваа недела, но ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден. Мора да сфатиме дека сите сме одговорни пред ова – истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Појасни дека очекувањата се врз основа на сите податоци кои сега ги имаат: бројот на заболени, времето кога се дијагностицирани и мерките кои освен рестрикцијата на терен се спроведуваат во детална анализа на контактите и следните контакти, и дека на крајот на оваа неделата ќе има резултати.

Но, одлуките и препораките ги носиме врз основа на две работи – прво тие бројки кои секојдневно се анализираат и деталната анализа на епидемиолошките анкети од каде учиме кои се податоци што пациентите ги даваат за начинот на трансмисија, меѓутоа и пресеците во претходните две недели секоја последователно – рече Филипче.

Потенцира дека вирусот е тука, тој нема да исчезне, и мора да научиме да живееме со него.

Новите проекции за одвивањето на епидемијата, епидемиолошката крива во светот се и до 2025 година со прогноза за пикови и во 2022 година – додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата пред Секретаријатот за европски прашања по повод испораката на преостанатите осум уреди за механичка вентилација и различни единици на лична заштитна опрема од поддршката на ЕУ за земјава за борба против Ковид-19.